Ливерпул не се откажува од Исак - го подготвува третиот најскап трансфер на сите времиња

Сезоната во Премиер лигата веќе почна, но Ливерпул очигледно се уште не го комплетирал ростерот кој ќе се бори за одбрана на титулата.

Шведскиот репрезентативец Александер Исак се уште е голема желба на сите во клубот, ама Њукасл е тврд на ставот дека нема да го продаде додека не стигне вистинската понуда. Поради тоа, Ливерпул се подготвува да испрати предлог за трансфер на напаѓачот во висина од 150 милиони евра.

Ако Њукасл го прифати ова, Исак ќе стане трет најскап фудбалер на сите времиња, по Нејмар (222 милиона) и Килијан Мбапе (180 милиони евра).Зад него ќе остане Усман Дембеле кој за 148 милиони евра во 2017 година се пресели од Борусија Дортмунд во Барселона.