
„Каталонците“ во хаос: Барселона може да биде домаќин на два стадиона
На 28 август треба да помине официјална контрола од УЕФА за да утврди дали таму може да се одржуваат дуели од Лигата на шампионите, а ако Барса не добие дозвола, ќе се најде во голем проблем. Во таков случај ќе мора да бара друг стадион за првата фаза од елитното натпреварување бидејќи не може да има промена пред нокаут делот.
Затоа е можно Барселона да игра како домаќин на два стадиона оваа сезона, ривалите од Ла Лига да ги пречекува на Камп Ноу, а од Лигата на шампионите на Монжуик каде настапуваше претходните две години. Работите на матичниот стадион на Барса доцнат повеќе од три месеци бидејќи таму беше планирано да се одигра последното Ел Класико кое беше на програмата на 11 мај.
За секој случај, Барселона денеска го резервира Монжуик до крајот на февруари што значи дека може да остане на овој стадион и во 2026 година.