Шкендија брзо реагираше, доведе напаѓач од Вараждин

Eкипата на Шкендија брзо реагираше и по повредата на Фитон Адеми доведе засилување во нападот и тоа Адтхе Мазари кој од хватски Вараждин се враќа во македонскиот фудбал.

Мазари на почетокот на оваа година го напушти Работнички и се пресели во Вараждин за кој одигра само пет натпревари во минатата сезона и остана без гол или асистенција. Сезонава немаше настап во хрватското првенство.

Претходно во дресот на Работнички за една полусезона на 18 средби постигна осум голови и подели три асистенции.

Тетовскиот клуб мораше да го засилува нападот и поради заминувањето  на Фабрис Тамба во Турција.

Мазари покрај Работнички во Македонија беше дел уште од Победа, Охрид и Струга.