
Италијански туристи добија џекпот – селфи со Дончиќ на бензинска станица (ФОТО)
Тие буквално го добиле џекпотот за време на престојот во Словенија и останале импресионирани од достапноста на големата ѕвезда.
„Утринава на словенечка бензинска пумпа со пријателот отидовме да купиме пиво. Таму седеше висок човек во влечки и пиеше кафе. Кога се погледнав подобро – тоа беше Дончиќ. Речиси не го препознав, беше 15 килограми полесен. На паркингот се фотографираше со сите нас и ни рече дека повредата од пријателскиот натпревар не е сериозна и дека со нетрпение го очекува Европското првенство. Дури и нѐ поздрави на италијански и замина“, раскажува Италијанецот на Твитер со фотографија заедно со Дончиќ.
Капитенот на Словенија летово ослабел 15 килограми за да биде подготвен за претстојниот Евробаскет. Повредата на пријателскиот натпревар против Летонија предизвика загриженост кај навивачите, но деталните прегледи покажаа дека повредата не е сериозна. Словенија на ЕП ќе се натпреварува во групата со Исланд, Франција, Полска, Белгија и Израел, а првиот меч го игра на 28 август против Полска.