Атлетико разочара на стартот од Ла Лига - загуби со пресврт! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид со пораз ја отворија новата сезона во Ла Лига откако вечерва Еспањол на свој терен беше подобар со 2-1.

Не изгледаше дека ќе видиме изненадување откако „јорганџите“ стигнаа до водство во 37-т минута кога погоди Хулијан Алварез. Тоа беше и единствениот гол во првите 45 минути од средбата.

Предноста на избраниците на Диего Симеоне б еше актуелна до последните 20-тина минути кога прво Рубио во 73. минута израмни на 1-1, а потоа Миља во 84. минута се погрижи за целосен пресврт три бода на домаќините.