
Бадијала протестите на Мајорка, судијата објасни: Не беше тоа удар во глава
Во тие моменти Раиљо лежеше на тревата откако со глава изби една топка. Неколку секунди подоцна, Торес со фантастичен удар ја затресе мрежата на Мајорка, а главниот судија го призна голот. Моментот предизвика полемика, некои ја обвинуваат Барса дека не го почитувала ферплејот, а некои удрија по судијата затоа што не ја прекинал играта. Меѓу овие вторите беше и тренерот на Мајорка, Јагоба Арасате кој доби објаснување од Хозе Луис Мунуера, а кое го објавија и шпанските медиуми.
„Нашиот фудбалер доби силен удар во главата. Мораше да ја прекинеш акцијата во истиот момент“, рекол Арасате.
„Тоа не беше удар во глава, тој го изблокира шутот, лежеше неколку секунди, а потоа веднаш скокна дека нема да го добие тоа што го сака. Разговарав со него, очигледно е свесен и комуникативен и немаше потреба акцијата да се прекине за тој да излезе од игра“, објасни Монтеро.
За тренерот на Мајорка ни ова не беше доволно, но главниот судија му посочи дека добро ги знае правилата и дека треба да престане со протестите.