Де Хеа пред сензационално враќање на голот на Манчестер Јунајтед!

Управата на Манчестер Јунајтед сериозно размислува за враќање на поранешниот голман, Давид де Хеа, пред се поради несигурната иднина и сомнителната форма на Андре Онана.

Шпанецот импресионира за време на пријателски натпревар за Фиорентина на „Олд Трафорд“, кој заврши со резултат 1-1, што ги поттикна „црвените ѓаволи“ да размислуваат за повторна соработка. Според „Сан“, договорот на Де Хеа содржи клаузула што му овозможува заминување за релативно мала сума, а клубот веќе спроведува „дискретни задкулисни разговори“.

„Магичен момент за мене и моето семејство да се вратам на Олд Трафорд — мојот дом. Со сѐ срце сакам да им се заблагодарам за топлиот прием и за љубовта што ми ја покажаа сите навивачи кои беа со мене сите години во овој клуб. Нашите патишта можеби ќе се вкрстат повторно“, изјави тогаш Де Хеа.

Шпанскиот чувар на мрежата го напушти Манчестер во 2023 година, по 12 сезони и 545 натпревари. По една година како слободен агент, тој потпиша со Фиорентина, каде што ја врати формата и одигра 42 натпревари во Серија А минатата сезона.

ФОТО: EPA PHOTO