
Икарди по девет месеци се врати на теренот и даде гол по само – шест минути (ВИДЕО)
Аргентинскиот напаѓач се врати на терените по повеќе од девет месеци пауза поради повреда на лигаментите. Икарди, кој последен пат настапи лани на почетокот на ноември, влезе во игра во 81. минута, а само шест минути подоцна се запиша меѓу стрелците, со што само ја потврди победата на тимот. Ова беше негов прв гол уште од минатиот октомври, кога погоди во Лигата на Европа против Елфсборг.
Минатата сезона, пред повредата, Икарди одигра 14 натпревари и постигна шест погодоци.
ФОТО: X / @cimbomparcalitr