Некогаш брутално се тепаа во УФЦ, сега заедно снимаат филмови за – возрасни!

Две од најпознатите имиња од светот на ММА, Американката Пејџ Ванзант (30) и Украинката Марина Мороз (33), повторно се најдоа во центарот на вниманието, овојпат не поради меѓусебните брутални борби во кафезот, туку поради заедничко видео со провокативна содржина кое го објавија на социјалните мрежи.

Снимката, на која двете се појавуваат речиси без облеки, привлече стотици илјади реакции и остави многумина без зборови. Ванант одамна ја напушти УФЦ, каде што имаше учинок од 8 победи и 5 порази. Во текот на својата кариера се обиде и во бокс без ракавици, професионален бокс, па дури и во натпреварувања во удирање шлаканици.

За разлика од неа, Мороз и понатаму настапува во УФЦ, но нејзиниот биланс моментално е 11-6, со тоа што ги загуби последните три меча.