Барселона го „врза“ Кунде најмалку за следните пет години!

Екипата на Барселона го продолжи договорот со францускиот дефанзивец Жул Кунде до летото 2030 година, соопштија од каталонскиот клуб.

Станува збор за 26-годишен фудбалер, кој на „Камп Ноу“ пристигна во 2022 година од Севиља и брзо се наметна како стандарден првотимец. Францускиот репрезентативец може да игра и како десен бек и како централен дефанзивец.

Во минатата сезона одигра 53 натпревари во сите натпреварувања, при што постигна четири гола и запиша осум асистенции.

ФОТО: EPA PHOTO