Алкараз се наоѓа во животна форма - од април има само еден пораз

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз почна да му се доближува на Јаник Синер и веќе е во плус од 400 бода од турнирот во Синсинати каде лани беше експресно елиминиран.

Сезонава тој има пет титули, но три од нив се освоени за време на неговата фантастична серија од пролетта. Почнувајќи од 20 април, кога загуби во финалето на турнирот во Барселона, Алкараз доживеа само еден пораз и тоа во финалето на Вимблдон, од Јаник Синер.

Во меѓувреме одигра 29 натпревари и оствари 28 победи, а притоа триумфираше на турнирите во Рим, „Ролан Гарос“ и Квинс. Ако продолжи со ваквите резултати, нема сомнение дека годината ќе ја заврши на првото место, но на врвот може да дојде многу порано, со евентуална титула на УС Опен бидејќи во старт ќе скрати 2.800 бода во однос на Синер.

Голем тест за формата на Алкараз ќе биде вечерашниот дуел против Александер Зверев, во полуфиналето на Синсинати имајќи предвид дека и Германецот игра добро на овој турнир.