Скандал на „Енфилд“: Полицијата исфрлила навивач во инвалидска количка (ВИДЕО)

Навивач на Ливерпул бил исфрлен од „Енфилд“ во вчерашниот натпревар против Бормут откако навредувал противнички фудбалер на расна основа, а за целиот случај отворена е и истрага.

Ливерпул го победи Бормут со 4-2 во натпревар кој помина во знакот на Диого Жота, но и уште еден детал го обележи овој натпревар.

Имено, во 29. минута судијата Ентони Тејлор ја запре играта дојде до аут линијата и објасни на тренерите Арне Слот и Андони Ираиола дека Антоан Семенјо пријавил дека бил навредуван на расна основа од еден навивач на Ливерпул.

Веднаш потоа реагираше и полицијата која го испратила навивачот надвор од стадионот. Овој момент бил снимен од трибините и може да се види дека станува збор за навивач кој бил во инвалидска количка.