Ѝ велат дека не е реална: Новата водителка на ТВ Реал Мадрид е – брутално секси (ФОТО)

Италијанската манекенка и спортска новинарка, Марија Арегини, од неодамна е дел од телевизијата на Реал Мадрид, каде што ќе ја продолжи својата кариера во спортското известување, на радост на илјадниците фанови ширум светот.

Таа на социјалните мрежи има речиси 700.000 следбеници и станува се повеќе препознатлива и на глобално ниво. Пред осум години била крунисана за Мис Ломбардија и се натпреварувала за титулата најубава девојка на Италија. По манекенската кариера, таа се фокусирала на спортското новинарство, водела емисии на Спорт Италија, каде што интервјуирала спортски ѕвезди.

Марија е и голема љубителка на спортот, особено бокс и фудбал, и на својот Јутјуб канал разговара со познати спортисти. Меѓу нејзините следбеници е и славниот ММА борец Конор Мекгрегор, што предизвикало бројни шпекулации за можни повеќе од пријателски односи помеѓу нив.

ФОТО: Instagram