Зверев експресно обезбеди полуфинале во Синсинати – ќе го предизвика Алкараз!

Александер Зверев без поголеми проблеми избори полуфинале на мастерсот во Синсинати, откако ноќеска го совлада Американецот Бен Шелтон со убедливи 2-0 во сетови (6-2, 6-2).

Со агресивен сервис и сигурна игра од основна линија, Германецот доминираше во текот на целиот натпревар. Шелтон немаше одговор за неговото темпо, па Зверев за релативно кратко време го заврши дуелот и најави дека е подготвен за најголемите предизвици.

Наредната пречка за него ќе биде вториот тенисер на светот, Карлос Алкарас. Шпанецот имаше многу потежок пат до полуфиналето – во драматичен меч што траеше два часа и 17 минути, го совлада Русинот Андреј Рубљов со 6-3, 4-6, 7-5. Алкарас покажа ментална цврстина во завршницата, искористувајќи двојна сервис грешка на Рубљов за конечен триумф.

ФОТО: EPA PHOTO