
Барса ги регистрира Рашфорд и Гарсија, ама се појави нов проблем
Двајцата се меѓу повиканите за овој меч и ќе конкурираат за настап, а нема да биде изненадување доколку се најдат во почетната постава со оглед на тоа што Гарсија беше стартер на подготовките, а Флик не може да смета на Левандовски поради повреда, па едно од решенијата би бил Рашфорд. Пред Барселона е тешко гостување, на теренот на кој лани почна Реал Мадрид и направи кикс играјќи 1-1 против Мајорка, во дебито на Килијан Мбапе.
Сепак, во меѓувреме се појави нов проблем за каталонскиот тим, повторно поврзан со регистрација на фудбалер. Надвор од екипата сега е Жерард Мартинн кој не може да биде регистриран и ќе го пропушти денешниот натпревар против Мајорка. Минатата сезона тој беше член на Б-тимот на Барса, но неодамна наполни 23 години и повеќе не може да игра на двојна регистрација, па ќе отсустува се додека не се најде решение за да биде запишан во првиот тим.
Мартин претходната кампања беше вистинско откровение во составот на Флик и имаше голем придонес во освојување на двојната круна, особено поради неговите изданија на неколку натпревари кога во Барса имаше неколку повредени играчи.