
„Лука сакаше пиво и наргиле, а набрзо ќе доживее – катастрофа“
Дончиќ не криеше дека е разочаран од таквиот однос на клубот, а разочарување имаше и кај навивачите. Поради тоа во медиумите, веројатно од луѓе во клубот постојано се појавуваат причини поради кои Далас одлучил да се ослободи словенечкиот репрезентативец.
Претходно се пишуваше за вишокот килограми, а сега тема е наводно неспортскиот живот на НБА ѕвездата.
„Лука сакаше пиво и наргиле. Во Далас предвидуваа негов пад, повикувајќи се на здравствената историја според која многумина веруваа дека може да дојде до катастрофа во наредните пет години“, гласат новите обвинувања.
Сепак, ваквите обвинувања засега не „држат вода“ бидејќи Дончиќ во Лејкерс од доаѓањето имаше просек о 28.2 поени, 8.1 скок и 7.5 асистенции по натпревар.
Новинарот на „ЕСПН“, Марк Сперс, тврди и дека ова нема да биде се од Далас и дека во наредниот период може да се очекуваат нови напади.
Фото: Dallas Mavericks/X