
Димитриевски одбил да биде резерва, Валенсија преговара со неговата замена
Како што информираат шпанските медиуми, Димитриевски е незадоволен од улогата да биде втор голман и сака клуб каде што редовно ќе брани, а тоа и го соопштил на луѓето во Валенсија.
Поради тоа Валенсија веќе и тргнала по ангажман на негова замена и според информациите, тоа би можел да биде голманот на Алмерија, Луис Максимилајно со кого и стапиле во контакт.
Од друга страна Димитриевски ќе бара нова средина, претходно е поврзуваше со екипите на Селта, Леванте и Елче, но засега нема ништо конкретно.