
Јунајтед во нова мисија - плејмејкер за кого Брајтон бара 120 милиони евра
На радарот на „ѓаволите“ е 21-годишниот играч за врска на Брајтон, Карлос Балеба за кого неговиот клуб бара 120 милиони евра. Балеба дојде во Брајтон пред две години од Лил за 27 милиони, но се промовира во еден од носителите на играта во тимот и го привлече врз себе вниманието на голем број европско клубови.
Камерунскиот репрезентативец синоќа не беше во тимот на брајтон за пријателскиот меч против Волфсбург што ги засили шпекулациите дека преговорите со Јунајтед се во напредна фаза.