
Ливерпул подготвува нова понуда за Исак, но Њукасл има „кец во ракав“
Њукасл ја одби понудата на Ливерпул од 130 милиони евра, а англиските медиуми пишуваат дека актуелниот шампион наскоро планира да испрати нов предлог.
Екипата од „Сент Џејмс Парк“, сепак, не се грижи премногу за иднината на Исак, односно има „кец во ракавот“ и ќе се обиде да го искористи.
Планот на управата на Њукасл е да му понуди нов договор на Исак со многу поголема плата и откупна клаузула која ќе ги задоволи сите страни.
Фото: Facebook/Newcastle