
Прва победа за Несторовски и Славен Белупо во новата сезона во Хрватска
Вараждин остана со играч помалку во 21. минута кога Боршиќ доби црвен картон, но и покрај тоа прв постигна гол на мечот преку Таварес.
Божиќ во 35. минута успеа да израмни на 1-1, а Либер и Митровиќ во второто полувреме стрелаа за целосен пресврт (3-1).
Македонскиот напаѓач Илија Несторовски влезе во игра во 46. минута од средбата и играше до самиот крај.
Фото: Facebook/NK Slaven Belupo