
Меч со многу шанси, но без голови во Кавадарци: Тиквеш и Работнички си поделија по еден бод
Екипата од Кавадарци прва се закани преку Стојковски во третата минута, но голманот Василев беше на висина на задачата.
Тиквеш и во продолжение од средбата напаѓаше кон голот на скопскиот тим, но Работнички успешно ја чуваше својата мрежа.
Работнички имаше огромна шанса во финишот на првото полувреме, меѓутоа Елези не успеа да реализира и да го погоди голот на домаќините.
Во второто полувреме повторно Тиквеш напаѓаше, меѓутоа не искористи ниту една од шансата, а на спротивната страна Бошнаков имаше одлична можност, но Стевковски ја зачува мрежата.
Резултати - Прва лига - 1. коло:
Шкендија – Шкупи 5-1
Вардар – Пелистер 4-1
Башкими – Арсими 1-1
Струга ТЛ – Македонија ЃП 2-0
Тиквеш – Работнички 0-0
Силекс – Брера (мечот се игра в понеделник)