
Војната продолжува: Брутална порака од Вембли - „УЕФА мафија“ (ФОТО)
УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа во Конференциската лига, откако беше донесена одлука дека е прекршено правилото од страна на газдите за сопствеништво на акции во повеќе тимови.
Клубот од Лондон се жалеше на Спортскиот арбитражен суд, но и покрај тоа Кристал Палас беше испратен во Конференциската лига затоа што американскиот бизнисмен Џон Текстор има акции во премиерлигашот, но и во францускиот гигант Лион, кој исто така се пласира во Лига Европа.