
Разочарување за Ливерпул: Кристал Палас на пенали го освои Комјунити Шилд (ВИДЕО)
Ливерпул по само четири минути ја затресе мрежата на Кристал Палас со голот на Уго Екитике, но лондонскиот тим го возврати ударот преку Жан-Филип Матета во 17. минута.
Само четири минути подоцна Жереми Фримпонг на одличен начин го матираше Дин Хендерсон за 2-1, а Кристал Палас преку Исмаила Сар во 77. минута израмни на 2-2.
Пенал-рулетот почна на ужасен начин за „црвените“, откако Мохамед Салах најпрво го префрли цел гол, по што Матета донесе предност за Кристал Палас.
Мекалистер не беше прецизен во вториот обид за Ливерпул, но ниту Езе не погоди на спротивната страна, по што успешни од белата точка беа Гакпо и Сар.
Елиот го промаши и третиот пенал за актуелниот англиски шампион, но на спротивната страна не успеа да реализира Соса. Потоа за гигантот од „Енфилд“ погоди Собослаи, меѓутоа победата на лондонскиот состав ја потврди Девени.