
Челси делува незапирливо, го здроби и Милан! (ВИДЕО)
Избраниците на Енцо Мареска тргнаа фуриозно во мечот, па уште во петтата минута успеаја да погодат по слободниот удар на Рис Џејмс.
Само неколку минути подоцна, Жоао Педро ја затресе мрежата на „росонерите“ за предност од 2-0, а дополнително водството на „сините“ го зголеми Лијам Делап од пенал.
Милан постигна почесен погодок преку Фофана во 70. минута, додека конечните 4-1 ги постави новата „деветка“ на Челси во завршницата од дуелот.
Фото: Facebook/Chelsea FC