Страшна партија на Србите - со историски триумф го уништија Кипар!

Кошаркарската репрезентација на Србија ја оствари најубедливата победа во својата историја, откако со 122-55 го декласира Кипар во подготовките за настап на Евробаскетот.

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ го искористи мечот за да одмори неколку од ѕвездите, па на теренот не им даваше шанса на Богдан Богдановиќ, Стефан Јовиќ и Никола Милутинов, но и во нивно отсуство доминираа „орлите“.

Србија го декласира Кипар со 67 поени разлика, и тоа беше најубедлива победа во нивната историја, откако претходно во 2019 година триумфираа со 126-67 против Филипините.

Најефикасен во победничкиот состав беше Тристан Вукчевиќ со 24 поени и седум поени, додека Балша Копривица запиша 22 поени и шест скокови.

Фото: Facebook/Košarkaška Reprezentacija Srbije (National basketball team of Serbia)