Пафос не се шегува, победи на гостување кај Динамо Киев! (ВИДЕО)

Кипарскиот шампион Пафос има големи амбиции, сака да стигне до лигашкиот дел од Лигата на шампионите, а дека е така покажа и вечерва на првиот меч против Динамо Киев.

Пафос неодамна потпиша со бразилската ѕвезда Давид Луиз, кипарскиот тим има големи амбиции, а нив ги потврдува и со резултатите.

Динамо Киев во Полска беше домаќин на денешниот меч, украинскиот тим важеше за фаворит, но гостите беа многу подобри.

Единствениот гол падна во финишот кога Андерсон Силва погоди во 84. минута за водство на Пафос од 1-0, што беше и конечен резултат.

Пафос направи голем чекор до плејофот во Лигата на шампионите, а со тоа и до пласман најмалку во лигашкиот дел од Лига Европа.

Вечерва најубедлив беше Ренџерс кој со 3-0 беше подобар од Викторија Плзен, немаше голови на соседското дерби меѓу Малме и Копенхаген.

Да потсетиме, Шкендија со 1-0 загуби од Карабах во Скопје.