Соиграч на двајцата Македонци во Вараждин го има промашувањето на – векот (ВИДЕО)

Хрватскиот фудбалер, Иван Мамут, се најде во центарот на вниманието поради едно од најневеројатните промашувања во поновата фудбалска историја.

На синоќешниот натпревар меѓу неговиот Вараждин и Горица (1-1), соиграчот на нашите Марио Младеновски и Ване Јованов не успеа да постигне погодок и покрај тоа што се најде на само сантиметри од празна мрежа. До ситуацијата дојде по одлична акција на Бочкај, кој го пронајде Маглица. Неговиот удар го одбрани голманот на Горица, Доминик Матијаш, но одбиената топка заврши директно пред Мамут. Наместо сигурен погодок, напаѓачот со глава ја погоди пречката иако се наоѓаше на самиот гол-линија.

Промашувањето, кое ги остави навивачите и соиграчите во неверување, се покажа како клучно, бидејќи резултатот до крајот на натпреварот остана непроменет. Млаеновски, инаку, го почна натпреварот и беше заменет во 76. минута, додека Јованов не доби шанса и средбата ја проследи од клупата.