Слот јавно праша: Кој треба да се извини - јас или Салах?
По изјавата со која ги нападна Слот и клубот, Салах беше оставен во Ливерпул, не патуваше во Милано на мечот против Интер.
По вчерашната победа над Интер, неминовни беа и прашањата за Салах на кој Слот мораше да одговори.
„Вие велите дека секој прави грешки во животот... па првата работа треба да биде дали фудбалерот смета дека тој направил грешка исто така“, вели Слот.
„Следното прашање е: Дали иницијатива за извинување треба да дојде од мене или од фудбалерот?“.
„Јас никогаш не сум рекол дека нема да зборувам со него повеќе“.