Вечерва на Бернабеу се решава судбината на Чаби Алонсо!
Информациите од Шпанија велат дека доколку Реал Мадрид не го победи Манчестер Сити вечерва, кралскиот клуб ќе му врачи отказ на Чаби Алонсо.
На ваквата ситуација претходи лошата форма на тимот која кулминираше со поразот од Селта на Сантијаго Бернабеу.
Реал Мадрид има четири бодови помалку од Барселона во Ла Лига, а тоа го вклучи алармот.
Впечаток е дека Алонсо го загуби кормилото во соблекувалната и тимот е поделен на кланови, едни кои му даваат поддршка, а други кои сакаат тренерска смена.
Манчестер Сити на Бернабеу пристигнува во одлична форма, и ќе биде вистински тест за Реал Мадрид.