Ракометарите на актуелниот шампион на Македнија, Пелистер ја преселија тренинг базата на Златибор каде што продолжуваат со главниот дел од подготовките.

Од почетокот на подготовките пелистерци досега тренираа во Битола, а сега ќе поминат десет дена на Златибор.

Во новата сезона во која ќе брани титулата Пелистер ќе биде предводен од тренерот Рубен Гарабаја кој го наследи Раул Алонсо кој избра да се врати во Бундеслигата и седна на клупта на Лајпциг.

Покрај битките во домашното првенство, Пелистер во новата сезона и повторно ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите.