
Заработи 100 милиони евра во НБА-лигата, а сега ќе прогласи банкрот!
„Спортс Илустрејтед“ објави дека Ариза барал да се намали неговата алиментација за децата која ја плаќа од 2023 година, затоа што се соочува со големи финансиски проблеми.
„Се обидов да направам сè за да остварам приход, но не можев да пронајдам стабилна работа“, кажа бившиот кошаркар на Лејкерс во едно интервју.
Ариза во кариерата играше за Њујорк никс, Орландо меџик, Хјустон рокетс, Њу Орлеанс хорнетс, Вашингтон визардс, Сакраменто кингс, Лос Анџелес Лејкерс и други екипи.