Миовски доби шанса од клупа, Жирона подобра од Вулвс (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби шанса од клупата за резерви во денешната победа на Жирона од 2-1 против премиерлигашот Вулвс.

Сите голови на натпреварот беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Жирона поведе со голот на Ерера во 51. минута, а набрзо во листата со стрелци се запиша и Рока, додека Вулвс стрелаше преку Ариас во завршницата од дуелот.

Миовски влезе на полувреме на местото на Кристијан Стуани и остана на теренот до крајот на натпреварот.

Фото: Facebook/Girona FC