
Кумановци со порака до Европа: Не ни треба ваша дозвола за да постои Македонија (ФОТО)
Токму тие во второто полувреме предизвикаа еуфоричен аплауз од останатите присутни со истакнатиот транспарент со кој беше испратена порака до Европа и до нејзиниот негаторски став кон нашата држава и пред се кон нашиот народ и јазик.
„За да постои македонскиот народ, не му треба ваша дозвола“, напишаа кумановци.
Слична порака имаа неодамна и навивачите на Вардар, кои на средбата против Ла Фиорита од првото квалификациско коло во Конференциската лига истакнаа транспарент инспириран од резолуцијата на ЕУ во која се негираше македонскиот јазик.
„На македонскиот народ не му треба ваша дозвола за да постои“, напишаа тогаш Комити.