Ливерпул за еден час заработил 6,2 милиони евра поради Вирц

Англискиот гигант Ливерпул ги промовираше новите дресови, а интересно е тоа што за еден час биле продадени дури 42.000 дресови со бројот „седум“ на Флоријан Вирц.

Дресот на Вирц чини 148 евра, а тоа значи дека премиерлигашот за само еден час заработи 6,2 милиони евра.

Ливерпул претходно потпиша договор со „Адидас“, кој е со времетраење од пет години, а вреид 60 милиони евра.

Фото: Facebook/Liverpool FC