Дожд од голови на Јунајтед на силниот дожд во Чикаго (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер Јунајтед дојде до убедлива победа над Борнмут (4-1) во пријателски натпревар што се одигра ноќеска на стадионот „Солџер Филд“ во Чикаго, како дел од премиерлигашката турнеја во САД.

Гигантот доминираше на теренот и покрај неповолните временски услови и ужасно силниот дожд, со што ја потврди добрата форма пред новата сезона. Резултатот беше отворен уште во воведните 30 минути со погодоците на Расмус Хојлунд и Патрик Доргу, кои му донесоа рана предност на Јунајтед од 2-0. На почетокот на второто полувреме, Амад Диало го зголеми водството, а во финишот младиот Вилијамс се впиша во листата на стрелци со својот прв гол во дресот на клубот. Натпреварот заврши со автогол на Матијс Де Лихт, со што Борнмут само ублажи поразот.

На истиот терен се одигра и мечот меѓу Вест Хем и Евертон (2-1). Иако Евертон дојде до водство преку Идриса Геј, тимот од Лондон направи целосен пресврт благодарение на головите на Лукас Пакета и Никлас Филкруг.

ФОТО: X / @ManUtd