
Хрватите бесни: Ријека ни нанесе срам каков што не сме виделе 20 години!
Овој тимот беше поразен од бугарскиот Лудогорец по продолженија (1-3) во реваншот во Разград, откако првата средба на домашен терен заврши без голови (0-0). Овој неуспех е прв ваков за некој хрватски првак по 2005 година, кога Хајдук Сплит беше елиминиран од унгарскиот Дебрецен со вкупни 0-8 во истата фаза. Мечот во Бугарија беше одбележан со инциденти, со оглед што Ријека натпреварот го заврши со девет играчи. Прво, Габриел Рукавина доби директен црвен картон по остар прекршок, а потоа и Тони Фрук мораше предвреме да го напушти теренот пред самиот крај на регуларниот дел.
Хрватскиот шампион по елиминацијата од ЛШ ќе ја продолжи својата европска кампања во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, каде ќе се соочи со ирскиот првак Шелбурн.