Ќе го ослободат за обложување, но веќе му пропадна - трансферот од соништата!

Англиските медиуми пишуваат дека играчот на Вест Хем, Лукас Пакета ќе добие ослободителна пресуда од процесот во кој е обвинет дека намерно добивал жолти картони за негови блиски пријатели и роднини да заработат во обложувалница.

Во август 2023 година ФА покрена истрага против Лукас Пакета, под лупа беа ставени четири ситуации во кои играчот добива жолт картон, а во мај 2024 беше поднесено обвинение.

Се говореше дека Бразилецот го чека тешка казна, во најмала рака забрана за настап од неколку години, а во најлош случај и доживотна забрана.

Сепак, последните информации велат дека Лукас Пакета ќе добие ослободителна пресуда, независната комисија следната недела ќе ја соопшти одлуката.

Луис Пакета кои постојано тврдеше дека е невин, изгледа ќе добие отштета од милион фунти за адвокатски трошоци, но тоа нема да му значи многу со оглед на тоа што трансферот од соништата е загубен.

Летото 2023 година, Манчестер Сити сакаше да го ангажира Пакета, беа подготвени да платат 85 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула, но се дозна за скандалот и зделката пропадна.

Тешко е за верување дека Манчестер Сити сега повторно би се вратил по Пакета.

ФОТО: X/West Ham United