
Играчот кој се забавуваше додека го погребуваа Жота, ќе биде продаден за 85 милиони евра!
Последните информации од Германија велат дека двата клуба се блиску до договор, а сумата со се бонуси ќе биде 85 милиони евра.
Луис Диаз од миленик, стана омразен кај навивачите на Ливерпул откако беше сликан во ноќен клуб на денот кога беше погребуван неговиот соиграч Диого Жота.
Претходно таткото на Луис Диаз беше киднапиран во Колумбија, мачната ситуација траеше со денови, а Диого Жота беше еден од првите кои му дадоа поддршка.
Тоа допринесе однесувањето на Луис Диаз да биде уште побезобразно, па Колумбиецот веќе нема ни лице да се врати во Ливерпул. Свесен е за тоа и се моли да замине.