Најубавата фудбалерка во светот е од Шведска! (ФОТО)

Откако Џенова на социјалните мрежи објави доаѓање на новото засилување, навивачите брзо ја прогласија за нова најсекси фудбалерка во светот.

Станува збор за шведската фудбалерка од нападот, Алис Сондергард која на почетокот од овој месец потпиша за италијанскиот клуб, а потоа и позираше со серија фотографии за официјалниот инстаграм профил.

Сондергард не е само убава фудбалерка, таа е докажана во светот на фудбалот. Првиот сениорски повик за репрезентацијата на Шведска го доби на само 15 години. Нејзината главна задача ќе биде да избори опстанок со Џенова во најсилната женска италијанска лига во која овој клуб за првпат се пласира.

Минатата сезона играше за Болоња, клуб кој до самиот крај со Џенова се бореше за влез во првата лига. Претходно играше и за Верона каде постигна многу голови во Серија Б.

Но, она што најмногу ги привлече фудбалските фанови е нејзиниот изглед, веднаш ја прогласија за најсекси фудбалерка. Таа ѝ го зема приматот на Алиша Леман, ѕвездата на Јувентус и Швајцарија која досега беше неприкосновена.