
Ѓоко Хаџиевски го донесе својот внук во Спартак Варна
Станува збор за 21-годишен напаѓач кој пред пет години дебитираше во првиот тим на Вардар, а потоа играше и за Тетекс, Хата клуб од Дубаи, Работнички и Шкупи. Тој му е внук на Хаџиевски од највозрасната ќерка.
Спартак Варна има проблеми со напаѓачи бидејќи на таа позиција се само Даниел Халачев и Колако Џонсон. Вториот е Либериец и има проблем со пасошот поради што уште не може да дебитира за тимот од Црното море.