
„Додека играше во Мајами, Леброн се допингуваше“
Сепак, некогашниот кошаркар Џеф Тиг изнесе сериозни обвиненија на сметка на Леброн и тоа за периодот додека играше во Мајами Хит.
„Користеше стероиди и поради тоа беше принуден еден период да се тргне. Кога беше тестирањето за хормонот за раст, рече дека грбот му е повреде. Паузираше три недели и потоа се врати 'чист', како ништо да не било“, рече Тиг.
Хормонот за раст (ХГХ) се користи за да се забрза заздравувањето, да се намали тежината и да се поправат спортските способности. Леброн Џејмс играше во Мајами Хит во периодот од 2010 до 2014 година и освои две шампионски титули со тимот од Флорида.