Арсенал го промовира најголемото засилување - Виктор Ѓокереш! (ВИДЕО)

Англискиот вицешампион Арсенал ја доби големата борба за потписот на еден од најбараните напаѓачи во светот, Виктор Ѓокереш кој денеска официјално потпиша договор со лондонскиот гигант.

„Топчиите“ за трансферот на Ѓокереш ќе платат 63 милиони евра во готово, плус 10 милиони низ различни бонуси, а шведскиот голгетер доаѓа во одлична форма од редовите на Спортинг Лисабон.

Ѓокереш стави потпис на договор со екипата од „Емирати“ до 2030 година, па така стана најголемото засилување за Арсенал ова лето.

Арсенал претходно потпиша со Зубименди, Норгард, Мадуеке, Кепа и Москера.

Фото: Facebook/Fabrizio Romano