Шкупи ја надигра Шкендија Арачиново, Пелистер подобар од Охрид во Битола

Денеска македонските екипи повторно беа во акција и одиграа пријателски натпревари во рамки на подготовките за новата сезона, па така Шкупи славеше со 1-0 против Шкендија Арачиново, додека Пелистер со 2-0 го совлада Охрид.

Екипата од Чаир до триумф стигна со единствениот гол на новото засилување на екипата, Магаје Геј.

Пелистер двата гола против Охрид ги постигна во вториот дел, и тоа прво преку Ристовски, а потоа преку Тодоровски за конечни 2-0.

Фото: Facebook/FC Pelister Bitola