Беќири: Задоволен сум од победата, но ФЦСБ сè уште е фаворит!

Тренерот на македонскиот прволигаш Шкендија, Јетон Беќири по победата против ФЦСБ (1-0) во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ) кажа дека е задоволен со настапот на неговите избраници, меѓутоа ја остави фаворитската улога кај ривалот од Романија.

Шкендија оди на гости кај ФЦСБ со еден гол предност, но Беќири смета дека тоа ништо не значи бидејќи романскиот тим сè уште е фаворит во средбата.

„Ова е само еден натпревар, а сè ќе се решава во Букурешт. Мора да останеме присебни по овој меч и цврсто на земја. Улогата на фаворит ја оставаме на ФЦСБ“, кажа Беќири.

ФЦСБ ќе ја пречека Шкендија во реваншот на 30 јули од 19.30 часот во Букурешт.