
Шкендија е на чекор до групна фаза во КЛ и до - милиони евра!
Шкендија со евентуална елиминација на ФЦСБ од ЛШ дефинитивно ќе си обезбеди најмалку пласман во групната фаза на Конференциската лига (КЛ), иако би можела да постигне и поголем успех во зависност од резултатите најпрво во ЛШ, а потоа и во Лига Европа.
Пласманот во групната фаза во третото по ранг натпреварува на УЕФА ќе им донесе и голема парична награда на тетовци, односно околу три-четири милиони евра.
Тетовскиот тим досега заработи околу 700.000 евра со пласманот во второто квалификациско коло на ЛШ, а очигледно финансиската добивка ќе се зголемува во следниот период.