
Официјално: Димитријевиќ е нов играч на Зенит!
Со рускиот клуб, тој потпиша двегодишен договор, а се сели таму по една година помината во Олимпија Милано. Таму имаше големи проблеми со тренерот Еторе Месина, не играше последните два месеца и јасно беше разделбата е неминовна.
Со ова Нено се враќа во ВТБ лигата каде настапуваше две сезони, но во дресот на Уникс. Остави силен впечаток затоа што го однесе тимот од Казан до една шампионска титула во регионалното натпреварување, а во исто време по еднаш беше прогласен за МВП на плејофот и на основниот дел од сезоната.