
Аморим со еден потег го стресе „Олд Трафорд“ - четворица фудбалери заминуваат од Јунајтед!
Аморим го објави списокот со фудбалери кои ќе патуваат на подготовките за новата сезона на „ѓаволите“, а на неа немаше место за Џејдон Санчо, Антони, Гарначо и Тајрел Маласија.
Овие фудбалери веќе подолг период не се во плановите на Аморим, но конечно летово ќе бидат продадени со што ќе се пополни буџетот кој претходно се трошеше за други засилувања.
По продажбите на споменатите фудбалери се очекува Аморим да донесе уште неколку засилувања, меѓу кои треба да пристигне и нов чувар на мрежата на премиерлигашот.