Ливерпул троши кога никогаш - ако го купи Екитике, ќе надмине 300 милиони евра летово

Откако последната сезона ја освои титулата во Премиер лигата, Ливерпул претстојната кампања ќе ги насочи сите сили на Лигата на шампионите, а за таа цел веќе донесе неколку големи засилувања.

Досега се реализирани трансферите на Џереми Фримпонг и Флорија Вирц од Баер Леверкузен, Армин Пеши од Пушкаш Академија, Милош Керкез од Борнмут и Ѓорги Мамардашвили чиј премин на Енфилд беше договорен лани, но парите требаше да се префрлат годинава. За овие петмина фудбалери Ливерпул веќе потроши 226 милиони евра, но таа сума најверојатно ќе биде поголема.

Англиските медиуми објавија дека веќе е договорен, но не и официјализиран трансферот на Уго Екитике од Ајнтрахт. Кога тоа ќе биде потврдено, вкупната сума што ќе ја потроши Ливерпул за нови играчи ова лето ќе надмине 300 милиони евра.