
Газдата на Стеауа самоуверен: Ќе ја растуриме Шкендија во Букурешт!
Тој смета дека македонскиот тим нема никакви шанси во романската престолнина.
„Овој кикс е добредојден. Ќе ја победиме Шкендија убедливо во Букурешт и ќе продолжиме“, рече Бекали по натпреварот во Скопје.
Според него, резултатот не е алармантен, туку поука за неговите фудбалери. Тој смета дека тимот не одиграл според очекувањата и дека мечот излегол од контрола, токму поради, како што вели, индолентен однос на некои фудбалери.
„Паднавме поради нашите грешки, но ќе извлечеме поука. Вакви ситуации не смеат да се дозволат ако сакаме резултати“, заклучи романскиот бизнисмен.
Реваншот е закажан за следниот вторник (29 јули) на теренот на ФЦСБ, а влогот е огромен – победникот од двомечот најмалку ќе обезбеди место во групната фаза од Конференциската лига.