
Ждрепка за мерак: Вардар доби ривали со кои (најмалку) може рамноправно да се носи!
Од првиот барабан го доби деветкратниот првак на Шведска, составот на Кристианштад, кој минатата сезона беше втор во својата држава. Станува збор за повеќе од солиден тим, кој, сепак, е далеку од врвот на европскиот ракомет. Црвено-црните имаат поволен биланс во пресметките со Швеѓаните, кои дури четири пати потклекнувале во исто толку пресметки со македонскиот гигант.
Противник на вардарци ќе биде и четвртиот франциски тим по квалитет во моментов, екипата на Тулуз, која не може да се пофали со некој спектакуларен успех, ниту со некој позначаен трофеј. За овој тим во минатото настапуваше македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски, кој сега го носи дресот на вардарци. Името на третиот ривал ќе биде познат по квалификациите за Европската лига, а тоа ќе биде подобриот од хрватската пресметка помеѓу Дуго Село и Сесвете.
Натпреварите почнуваат во септември, а пласман во втората рунда ќе обезбедат по две екипи од секоја од осумте групи.